Свет

ОН бараат истрага од Израел за можни воени злосторства во Газа

ОН бараат истрага од Израел за можни воени злосторства во Газа

Високиот комесаријат за човекови права на ОН побара Израел да отвори истрага за можно извршување на воени злосторства од страна на неговите сили во Газа.

dobivaj vesti na viber

Во вчерашното соопштение, агенцијата на ОН соопшти дека добила вознемирувачки информации во врска со смртта на 11 невооружени Палестинци во градот Газа.

Тие го загубија животот во вторникот вечерта за време на операција на израелската армија во станбена зграда во која се засолниле неколку семејства.

Израелските војници „наводно одвоиле мажи од жени и деца, а потоа пукале и убиле најмалку 11 мажи пред членовите на нивните семејства“, се вели во сведочењето објавено од Опсерваторијата за човекови права „EuroMed“. Агенцијата на ОН ја потврди смртта на 11 Палестинци, но нагласи дека „околностите за смртта се уште се истражуваат“.

„Израелските власти мора веднаш да спроведат независна, темелна и ефикасна истрага за овие наводи“, се нагласува во соопштението. Засега израелските власти не го коментираа обвинението.

На почеток