На островот Шетланд училиштата се затворени како мерка на претпазливост, а се очекуваат големи проблеми во водениот сообраќај. Откажани се бројни возови, а откажани се и многу летови, а сето тоа поради неповолните временски услови.
Обединетото Кралство е под влијание на бурата „Пиа“. Во поголем дел од земјата е активиран жолт метео аларм, и се очекува ветер до 130 км/ч.
A windy start to Thursday, particularly in the north of the UK
Cloud, rain and drizzle slowly sinking southwards
Sunshine and blustery showers in the north, with thunder and lightning possible
Stay #WeatherAware pic.twitter.com/WpH8j8HjZV
— Met Office (@metoffice) December 20, 2023
Во поголемиот дел од земјата се очекуваат удари на ветер и до 100 км/ч. Најсилни влијанија се очекуваат во Шкотска и северна Англија.
Полицијата и другите служби имаат полни раце работа. Дрво паднало врз автомобил кај Ковентри и возачот е повреден, проблеми во сообраќајот има и во Северна Ирска.
Надлежните ги предупредија граѓаните да ја следат временската прогноза и да се подготват пред да заминат на патување.
„Многу луѓе патуваат за празниците, ги советуваме пред да заминат на патување дефинитивно да ја проверат прогнозата“, велат метеоролозите.
Од британската метеоролошка служба најавија и дека очекуваат бел Божиќ. Снег треба да има, но не премногу, велат надлежните.
