Свет

Орбан: 50 милијарди евра за Украина, лоша одлука

Орбан: 50 милијарди евра за Украина, лоша одлука

Унгарија смета дека парите на ЕУ за Украина не треба да се земаат од буџетот на ЕУ и дека треба да се постави „разумен“ временски рок за секое финансирање на Украина, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

dobivaj vesti na viber

„Убеден сум дека давање на Украина 50 милијарди евра од буџетот на ЕУ во текот на пет години е лоша одлука“, рече Орбан на прес-конференција.

Сите земји-членки на ЕУ, освен Унгарија, минатата недела се согласија да отворат пристапни преговори со Украина и покрај руската инвазија, донесувајќи ја одлуката додека Орбан накратко ја напушти салата на самитот. Орбан потврди дека германскиот канцелар Олаф Шолц предложил такво решение.

Но, европските лидери не можеа да го надминат отпорот на Орбан при ревидирањето на буџетот на ЕУ за да одвои 50 милијарди евра за Киев и да обезбеди повеќе пари за други задачи како што е управувањето со миграцијата. За ова прашање треба повторно да се разговара на вонреден самит на 1 февруари.

На почеток