Скопје

Ако Финансиска не провери, обвинител ќе тропне на врата кај Арсовска оти нема тендер за украсувањето од 30 илјади евра

Обвинителството ќе отвори предмет против градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска доколку Финансиската полиција не се одважи. Ова доаѓа откако Арсовска во емисијата „Тешки муабети“ откри дека го украсува Скопје преку јавен повик, а претходно соопшти дека задоволството чини 30.000 евра. Останува дилемата зошто не е распишан тендер, доколку се има в предвид дека за набавки над 1.000 евра тој е неопходен, согласно законите.

„Со оглед на изнесените наводи во конкретниот случај, Управата за финансиска полиција како орган надлежен за откривање на евентуални кривични дела и контрола на финансиските текови има надлежност да ги испита сите околности и да достави соодветно известување или пријава. Доколку Финансиската полиција не постапи, обвинителството ќе оформи предмет и ќе нареди да се извршат сите проверки“, велат од Обвинителството.

Арсовска не открива која е фирмата која ќари 30.000 евра од градската каса. Иако медиумите се интересираа, таа молчеше. Град Скопје не одговара на прашања и важи за затворена институција.

На почеток