Свет

Дете избодено до смрт во Лондон, уапсена 41-годишна жена

Момче на возраст од четири години е избодено до смрт во семејна куќа во источен Лондон, а за неговото убиство е уапсена жена (41), пишува „Дејли мејл“.

„Ова е крајно вознемирувачки инцидент што ќе предизвика шок и неверување кај локалната заедница и кај сите што присуствуваа на местото на настанот“, рекоа властите.

Тие изјавија дека се уште се утврдуваат околностите под кои починало детето.

„Специјалистите од нашиот тим за убиства напредуваат во истрагата и продолжуваат да работат на утврдување на околностите за смртта на детето и настаните што довеле до тоа“, додадоа тие.

Конвеј истакна дека и покрај тоа што инцидентот се случил во семеен дом, полицајците ќе бидат присутни на тој простор бидејќи се препознава влијанието кое ова кривично дело го има врз заедницата.

На почеток