Свет

Хамас: Нема повеќе ослободување заложници додека Израел целосно не ја заврши војната

Се огласи Хамас: Нашата визија е јасна

Хамас, милитантната група која го контролира Појасот Газа, вели дека нема да има дополнително ослободување на заложниците додека Израел не се согласи на „целосен прекин на агресијата“, пренесува Би-би-си.

Израел соопшти дека убила повеќе од 2.000 борци на Хамас во Газа по прекинот на огнот со кој беа ослободени повеќе од 100 заложници. Се верува дека околу 120 луѓе киднапирани на 7 октомври се уште се во заробеништво во Газа.

Продолжуваат напорите во Обединетите нации да се донесе резолуција за војната.

САД рекоа дека сè уште имаат сериозна загриженост за нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, а гласањето сега е одложено до петок.

Овомесечниот еднонеделен прекин на огнот донесе и зголемен проток на помош во Газа, каде ОН предупредија дека населението е во опасност од глад доколку продолжи војната меѓу Израел и Хамас. Преговорите за ново примирје се во тек во Каиро, Египет, иако првичните разговори во средата не постигнаа договор.

На почеток