Скопје

Автоматска со над 70 куршуми, но и пиштоли – полицијата претресе скопјанец, уапсен поради арсенал од оружје

Од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, извршен е претрес во дом и други простории кај Е.Ј. (41) од с.Семениште, скопско. При претресот пронајдени се автоматска пушка, два пиштола, една рамка за пиштол, две рамки за автоматска пушка и 71 куршуми.

Од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција Е.Ј. е лишен од слобода и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

На почеток