Македонија

Две лица во Катастар правеле злоупотреби при промена на сопствеништво

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.С.(72) и Г.Д.(41), двајцата од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

„Во 2022 година, пријавените-вработени во Одделение за катастар на недвижности Гостивар постапиле спротивно од Законот на катастар на недвижности на начин што во постапките по шест предмети, кои се однесуваат на извршени промени во однос на сопственоста и површините на неколку катастарски парцели, ги спровеле без правен основ за запишување-пропишан во Законот за катастар на недвижности и неговите подзаконски акти -правилници“, велат од МВР.

На почеток