Како од филмско сценарио: полицијата го застанала, тој фрлил дрога од прозорец за да се спаси
Од
Објавено на
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против З.Џ.(61) од кичевското село Црвивци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
„При контрола на патнички автомобил „Голф“ што тој го управувал, извршена кај месноста „Павли дол“ на регионален пат Кичево-Демир Хисар, полициските службеници забележале дека З.Џ. од возилото исфрлил хашиш“, велат од МВР.