Наутро меѓу првите, но и попладне котираме високо – Скопје триумфира со најзагаден воздух во Македонија


Наутро Македонија и Скопје се во првите десет најзагадени земји, односно градови во светот, а попладне го губиме високо место на ранг листата, но котираме меѓу најзагадените. 27-та позиција на глобалната ранг листа која ја изработуваат меѓународни сајтови, а се однесува на ПМ10 честички во воздухот ја имаме ние.
Гледано по градови, Скопје е на првото место, а во главниот град најзагеден е Чаир, па Ѓорче Петров, Бутел, Кисела Вода. Трката на национално ниво, Скопје ја води со Струмица, кој е втор најзагаден град. Како трет се позиционира Велес, а четврти е Ресен.
На глобалната листа, Туркменистан ја има првата позиција на најзагадена држава. По неа, се Индија и Кина, како и Пакистан.
Скопјани, спасот од загадениот воздух го наоѓаат на Водно. Голем дел граѓани од утрово се исчија на највисоката точка во котлината на Скопје.
