Скопје

Грабеж во Аеродром, малолетник и две жени натепани во Скопје – полицијата постапила по сите пријави

Една кражба во Аеродром, девојка натепана во Скопје, малолетник во Сарај, а жена во Кисела Вода. Ова се само дел од пријавите по кои постапувала полицијата во текот на изминатиот ден во главниот град.

„Во 21.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Аеродром во киоск, едно лице физички ја нападнало вработената и со закана одзело пари.

Во 01.01 часот во СВР Скопје А.Р.(26) од Скопје, пријавила дека на подрачјето на Аеродром пред угостителски објект била физички нападната од С.М. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во во 01.00 часот во СВР Скопје, И.К.(48) од с.Шишево, скопско пријавил дека во с.Сарај, на бензинска пумпа, физички бил нападнат неговиот малолетен син од едно лице од с.Грчец и неколку други лица.

Вчера во 12.30 часот во СВР Скопје 48-годишна жена пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода, физички била нападната од нејзиниот син Д.И. од Скопје“, велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на сите случаи

На почеток