Македонија

Јаулески открива скандал: Висар Рамадани, син на аналитичарот Исмет и вработен во ФИТР, сам на себе си одобрил проект со милионски суми

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јакулески, тврди дека вработен во ФИТР, сам на себе си одобрил проект. Тој објави неколку фотографии преку кои посочува дека неговите тврдења се точни.

„Ајде малку внимание тука! Висар Рамадани, син на аналитичарот Исмет Рамадани и шеф на секторот за проекти во ФИТР, САМ НА СЕБЕ си одобрил проект со милионски суми, “ZERO ONE ERP”. Истиот е управител на сопственик и управител на https://web.threedots.mk. Имавме еден случај кога Шеќеринска сама на себе си плаќаше кирија, ама братов ја надмина. Криминалци со тапија!“, напиша Јаулески.

Фотографиите тука:

На почеток