нед. Ное 17th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Денеска протест против приведувањето на Моника Ристеска, активистка за легализација на канабисот

Денеска во 12 часот здружението „Билка” организира протест против прогонот на активистката за легализација на канабисот Моника Ристеска. Судот вчера на Ристеска ѝ одреди притвор од 30 дена.

„Ваквиот ригиден пристап на органите на прогонот и судот е НЕПРИФАТЛИВ и затоа ги повикуваме СИТЕ слободоумни граѓани, и оние кои се и оние кои не се уживатели на канабисот да дојдат на протест пред Јавното обвинителство, на кејот на реката Вардар во центарот на Скопје за да го изразиме нашето незадоволство и искажување на нашата поддршка за неправедно затворената Моника. Излезете затоа што утре и Вас ќе ве апсат.И ЈАС СУМ МОНИКА, АПСЕТЕ МЕ!!!“, повика „Билка“.

Ристеска била приведена за поседување 30 мл масло од коноп и 15 грама коноп, откако полицијата извршила претрес во нејзиниот дом.  „Луѓето кои се залагаат за декриминализација на коноп за лична и медицинска употреба не смеат да ги полнат затворите, туку државата треба да ги чуе нивните аргументи и заедно со нив да изготви поповолни законски решенија со кои ќе се овозможи употреба да конопот за реакреативни цели, а ќе се унапреди пристапот до лекови од канабис за медицински цели. Време е гласно да застанеме зад оваа идеја која е реалност во многу земји, додека во Македонија уште не третираат како криминалци за џоинт“, стои во повикот за протестот.

Со протестот ќе се побара итно ослободување на Ристевска од притвор, но и легализирање на конопот за лична употреба.

Ристеска е позната по своите ставови за легализирање на канабисот, а еднаш веќе беше приведена откако на јавно место пушеше џоинт.

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close