Бензин од МВР изнесуван од касарна – „падна“ полицаецот кој го фатиле со канти
Од
Објавено на
Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против Б.М. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“, извести МВР.
Пријавениот, вработен на бензинската пумпа на МВР во касарната Ѓорче Петров во Скопје, од ноември 2023 година противправно за себе изнел повеќе од 800 литри гориво надвор од касарната.
На 31.10.2023, на излез од касарната, во неговото возило биле пронајдени неколку канти наполнети со 110 литри дизел и 75 литри бензин, кои ги наполнил на пумпата во касарната, соопшти МВР.