Двојно убиство ја потресе Македонија


Две лица се убиени, а едно е повредено денеска околу 14 часот во тетовското село Челопек.
Од СВР Тетово информациите се дека полициски службеници денеска го лишиле од слобода лицето И.И., на возраст од околу 60-ина години, за кого во 14:10 часот било пријавено дека со огнено оружје усмртил двајца свои соселани и роднини и повредил едно лице.
Според првичните информации, повреден е и самиот осомничен, најверојатно од огнено оружје.
Полициски и екипи на Брзата помош, од СВР Тетово велат дека веќе се на местото на настанот и преземаат мерки. На местото е излезен и јавен обвинител кој врши увид на настанот.
Повеќе детали околу инцидентот најавуваат подоцна.
Според неофицијалните информации, осомничениот и другото повредено лице се во сериозна здравствена состојба.
