Скопје

Јавната чешма во Драчево со небезбедна вода за пиење

„Пристигнаа резултатите од испитувањата на Институтот за јавно здравје, кој е овластена и акредитирана институција за испитување на здравствената безбедност на водата. Сите, освен еден од проверените постоечки каптирани извори-јавни чешми на територија на општина Кисела Вода, имат безбедна вода за пиење.

На селската чешма во селото Драчево, која е единствена која не ги задоволи критериумите за бактериолошка исправност, е поставена табла со указ за небезбеднот на водата за пиење.

Општина Кисела Вода преку Институтот за јавно здравје прави редовни проверки на изворите и јавните чешми два пати во годината, со цел да ги предупреди граѓаните во случај резултатите да покажат неисправност на водата за пиење“, велат од Општина Кисела Вода.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток