Главниот град на Македонија, Скопје во моментов е втор град по загаденост во светски рамки. Индексот на загадување во Скопје изнесува 164. На оваа листа пред Скопје се наоѓа само Дака во Бангладеш.
Според податоците од 7 часот утрово најзагадено, било во Карпош, во подрачјето кај Ректоратот и во Центар, додека воздухот немал висока загаденост, во населбите Гази Баба и Лисиче.
Сепак останува нејасно кои се официјалните податоци за загаденоста во Лисиче и Гази Баба, затоа што мерните станици веќе подолг период не ја мерат концентрацијата на ПМ10 честичките.