Ова се случува моментално, видеово е снимено сега, повторно истата локација, реон Ѓорче – Сарај, црната точка во градов по палење на отпад на отворено, инаку ЗАБРАНЕТО законски, објавија на својот официјален профил од О2 иницијатива.
Тие ги повикуваат сите наделжни, да излезат на терен и да се реши проблемот.
Низ цела година постојано се пали отпад во овој реон. До кога ќе се дозволува? Не може само граѓаните да пријавуваат (пријавено е на 193) и повторно иста глетка секојдневно. Решете го овој проблем интерсекторски, ако треба и војска ангажирајте, потегнете измена на правилник, закон за да не се повторува ова постојано. Сите сме уморни од постирања и пријавувања нон-стоп, а најмногу од ужасниот воздух што се шири од ова нерешено жариште со години.
Како вели премиерот Заев „не може ‘не бива’, ‘не бива’ не може најлесно да биде не, ќе најдат начин како да биде да“. Е па најдете начин, напишаа од О2.
постојано жариште на палење отпад на отворено, Сарај-Ѓорче
Ова се случува моментално, видеово е снимено сега, повторно истата локација, реон Ѓорче – Сарај, црната точка во градов по палење на отпад на отворено, инаку ЗАБРАНЕТО законски. Повик до сите наделжни,Град Скопје Петре Шилегов Инспекторат на град Скопје Општина Ѓорче Петров Aleksandar Naumoski Komuna Saraj-Municipality of Saraj-Општина Сарај Blerim Bexheti Министерство за внатрешни работи Oliver Spasovski,Низ цела година постојано се пали отпад во овој реон. До кога ќе се дозволува? Не може само граѓаните да пријавуваат (пријавено е на 193) и повторно иста глетка секојдневно. Решете го овој проблем интерсекторски, ако треба и војска ангажирајте, потегнете измена на правилник, закон за да не се повторува ова постојано. Сите сме уморни од постирања и пријавувања нон-стоп, а најмногу од ужасниот воздух што се шири од ова нерешено жариште со години.Како вели премиерот Заев „не може 'не бива', 'не бива' не може најлесно да биде не, ќе најдат начин како да биде да“. Е па најдете начин.
Posted by O2 Иницијатива on Wednesday, February 20, 2019