Скопје

МВР: За 24 часа 11 сообраќајни незгоди, 140 мандатни платни налози и 103 возила се подигнати со пајак

Во текот на изминатиот ден (19.02.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 11 сообраќајни незгоди од кои две сообраќајни незгоди со тешки телесни повреди, три сообраќајни незгоди со телесни повреди и шест со материјална штета. Во сообраќајните незгоди две лица се здобиле со тешки телесни телесни повреди и три лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 39 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 17 возачи од кои: четири возачи затоа што управувале возило под дејство на алкохол, 11 управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и 11 возила бидејќи биле нерегистрирани.

Санкционирани се четири возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, 10 поради неправилно  рестројување, тројца поради неправилно  престигнување, тројца возачи поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, еден поради непоседување пропишана зимска опрема, пет поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 11 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционирани се седум пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин и 11 пешаци поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 140 мандатни платни налози и 103 возила се подигнати со специјално возило пајак.

На почеток