Одделението за превенција при СВР Скопје утре (20.02.) во 12,00 часот пред трговскиот центар “Бисер“ (во населбата Аеродром) ќе започне со активности за реализација на проектот – “Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил”.
Практично во наредните денови во текот на овој месец во соработка со Здружение на сопственици кои стопанисуваат со Трговскиот центар “Бисер” ќе се реализираат активности во рамки на оваа превентивно-информативна кампања. Основната цел на кампањата е подобрување на општата безбедност на граѓаните и нивниот имот, односно преземање на превентивни мерки и активности во насока на подигање на свеста кај граѓаните и споделување на одговорноста а во интерес на ефикасна превенција од тешки кражби во патничките моторни возила.