Македонија

Јануари пресуден за универзален снабдувач, Владата најави дека ќе ја избере најевтината понуда

Лага се информациите дека Владата избрала универзален снабудвач за домаќинствата, велат оттаму и додаваат дека повикот за доставување понуди е се уште активен. Тие посочуваат дека рокот е до 12 јануари, по што ќе се пресече која фирма ќе продава струја за домаќинствата во Македонија.

„Комисијата која ќе одлучува по доставените понуди на јавниот повик е составена од членови од сите надлежни институции“, велат од Владата за „Скопје1“.

За наводите за можна пристрасност при спроведување на постапката, од Владата велат дека ќе се водат само од критериуми.

„Согласно критериумите наведени на јавниот повик ќе биде избран економскиот оператор кој ќе достави најповолна понуда“, додаваат од Влада.

Како што е познато, грчки компании атакуваат на енергетскиот сектор во Македонија. Најсериозна конкуренција за универзален снабдувач се компаниите австриска „ЕВН“ во која сопственост има и Македонија, како и грчката „ЕДС“ која порано беше сопственост на Кочо Анѓушев.

На почеток