Скопје

Скопјанец излетал од локалниот пат Хиподром – Илинден, сопатничката се здобила со тешки телесни повреди

На 19.02.2019 година околу 22.40 часот на локалниот пат Хиподром – Илинден К.М.(33) од Скопје, управувајќи патничко возило „Пежо 306“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобила Т.И.(32), сопатничка во возилото, додека возачот се здобил со телесни повреди. Т.И. била пренесена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток