Скопје

Запленети повеќе од 150 гуми во Бардовци кои се користат како огревно средство

Комуналните служби на Општина Карпош запленија нова количина на отпадни гуми, на потегот околу Бардовци.

„Запленети се повеќе од 150 гуми кои, во овој период од годината, главно се користат како огревно средство.

Имајќи ги предвид истражувањата и анализите за причините за аерозагадувањето, посочено е дека голем број на домаќинства сеуште се греат на материјали кои не се еколошки препорачливи, односно го загадуваат амбиенталниот воздух и животната средина.

Општина Карпош повторно апелира, до сите граѓани и домаќинства кои се греат на огревно дрво, гуми или сл., да го променат начинот на греење и да аплицираат за субвенции за пелети или инвертер –  клими во Град Скопје.

Локалната самоуправа продолжува со интензивните инспекциски контроли на терен, со цел да се мапираат загадувачите, да се санкционираат и да се заштити околината“, велат од Општина Карпош.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток