Скопје

Агенцијата за катастар на недвижности започнува со теренско прибирање на податоци за улици и куќни броеви

Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија, со Законот за катастар на недвижности добива нови надлежности и таа ќе го воспостави и ќе управува со Графичкиот регистар на улици и куќни броеви. Овој регистар ќе содржи теренски прибрани просторни и описни податоци за улиците и куќните броеви, поединечно по населено место.

Графичкиот регистар на улици и куќни броеви ќе биде поврзан со описните податоци од Регистарот на просторни единици, заради идентифику-вање на улицата спрема населеното место, односно административните единици, како и со податоците од електронскиот катастар на недвижности (еКат), со што ќе се овозможи лесна идентификација на недвижностите според адреса.

Описните податоци за улиците и куќните броеви, Агенцијата ги презема по службена должност од Регистарот за имиња на улици и куќни броеви, што се води при Централниот регистар на Република Македонија. Тие ќе бидат ажурирани со теренското прибирање на податоците. Просторните податоци за улиците и куќните броеви, Агенцијата ќе ги прибира од терен.

Активностите на терен, веќе се започнати, Агенцијата за катастар на недвижности упатува апел до жителите од следните населени места, да им излезат во пресрет на екипите кои ги прибираат теренските податоци, да им ги дадат потребните податоци и информации и да им овозможат фотографирање на објектите:
– Општина Гази Баба (населени места Брњарци, Булачани, Идризово, Јурумлери, Раштак, Страчинци, Црешево, Инџиково, Гоце Делчев, Сингел-иќ, Стајковци, Трубарево, Смиљковци, Виниче и Гази Баба);
– општина Аеродром (населени места Долно Лисиче и Аеродром);
– општина Ѓорче Петров (населени места Грачани, Кучково, Никиштане, Орман, Волково, Ново Село, Кисела Јабука и Ѓорче Петров);
– општина Кисела Вода (населени места Усје, Драчево и Кисела Вода);
– општина Центар (населено место Центар);
– општина Шуто Оризари (населени места Горно Оризари и Шуто Оризари);
– општина Бутел (населени места Љубанци, Љуботен, Радишани, Визбегово и Бутел);
– општина Карпош (населени места Бардовци, Горно Нерези и Карпош);
– општина Чаир (населено место Чаир);
– општина Сарај (населени места Дворце, Арнакија, Бојане, Буковиќ, Глумово, Горно Свиларе, Грчец, Долно Свиларе, Копаница, Крушопек, Ласкарци, Матка, Паничари, Раовиќ, Рашче, Семениште, Чајлане, Шишево, Кондово, Љубин, Радуша, Рудник Радуша и Сарај).

Со теренското прибирање на податоци за улици и куќни броеви ќе се соберат просторни и описни податоци за улиците и куќните броеви на лице место и ќе се добие јасна слика која улица каде се наоѓа и кои куќни броеви се однесуваат на неа, како и во кое населено место.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток