Деца се боделе со ножеви на Бит Пазар – едното е во болница
Од
Објавено на
Две деца од Скопје, на возраст од 16 и 17 години, засебно пријавиле дека биле нападнати со нож, а едното со убодни рани било хоспитализирано.
Настанот се случил вчера, а во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ бил донесен 16-годишникот.
Според пријавеното, на подрачје на Полициската станица Бит Пазар, при физичка пресметка, тој бил нападнат со остар предмет од друг малолетник од Скопје. Во врска со настанот, во 21.05 часот, 17-годишник од Скопје пријавил дека на истото место и тој бил нападнат со остар предмет од истиот малолетник.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.