Сојузник на Путин пронајден мртов – се шпелулира за смртта
Од
Објавено на
Владимир Егоров, сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, е пронајден мртов, објавија руските државни медиуми. Според нив, членот на владејачката партија на Путин Единствена Русија паднал од третиот кат на куќа на улицата Кедроваја во Тобољск, Тјуменската област, објави рускиот канал „База“ на Телеграм, кој е поврзан со руски безбедносните служби.
Рускиот весник „Известија“ цитираше и извор кој вели дека Егоров можеби паднал од прозорец на третиот кат. Тоа е последната во серијата мистериозни смртни случаи во кои се вклучени истакнати руски личности откако силите на претседателот Владимир Путин ја нападнаа Украина минатиот февруари, пишува Њузвик.