МВР на Спасовски е полно со партиски кадри и резултатот е зголемен степен на криминал, нерасчистени мафијашки пресметки и киднапирања, вели Коцевски
-Ние како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ ги издржавме притисоците и никогаш не се поколебавме, едноставно државата ни е пред се, Република Македонија ни е пред се, ние тоа го кажавме уште на почетокот кога овие другите договараа нешто да продадат некој македонски национален интерес како што тоа беше во минатото, истакна пратеникот Зоран Коцевски во своето гостување во емисијата Шеш Беш.
Во текот на своето гостување пратеникот Коцевски се осврна на Министерството за внатрешни работи и Оливер Спасовски.
– На пратенички прашање вчера можеше да се види нервозата кај власта, можам да кажам дека нервозата и е поодамна. Оливер Спасовски не даде одговор на две прости прашања кои ги постави колегата Игор Јанушев, кои се однесуваа на убиствата на Панче и Вања. Јанушев му ги покажа документите од МВР како тоа може 4-5 дена таа кола која била украдена, одземена од Панче од Велес и да може да се вози низ центарот низ Скопје, ден пред самитот, рече Коцевски.
Тој во врска со МВР и Спасовски укажа дека сето ова се случува затоа што Спасовски прима партиски послушници во министерството.
-Мене тоа не ме чуди кога примате 1000 партиски војници во МВР, тоа е резултатот. Еве јас доаѓам од Гази Баба, претходниот градоначалник на Гази Баба, Борче Георгиевски документирано, ревизија, криминалец, обвинителство никаде го нема, тој го вработува во МВР, мислам во крим техника, а за волја на вистината вистинските, правите професионалци од крим техника си избегаа, вели тој.
Потоа Коцевски додаде:
-Јас имам испратено по маил до МВР, внатрешна контрола за нерегуларности во МВР и пратив еден допис со слика, со позиција, со време, со место за еден инспектор за еден град од внатрешноста на државата, чисто да видам што ќе ми одговорат. За волја на вистината денес го добив одговорот, дека немале такви информации за таква личност. Имено има слика дека тој истиот господин учествува во партиски активности и така натаму.