Македонија

(Видео) Македонците одат за Грција да слават Нова година

Долги колони чекаат за влез во соседна Грција. Најмногу автомобили се со македонски и српски регистарски ознаки. Како и секоја година, на најголем дел од нив, крајната дестинација им е Солун, за дочек на Новата година.

Редици за поминување на граничниот премин „Богородица“ има од рано утринава. За во Солун се закажани низа прослави, меѓу другото и на градскиот плоштад. Гужвите таму започнаа од вчера.

За разлика од вообичаените нервози, овојпат, нема упатување на погрдни зборови меѓу возачите кои чекаат на граничниот премин, но има обиди побрзо да се помине границата.

На почеток