Апсење на плоштадот во Охрид – фатен Србин шмрка кокаин

Од
Објавено на

На 31.12.2023 во 00.50 часот во угостителски објект на плоштад „Св.Климент Охридски“ во Охрид, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Одделение за недозволена трговија до дрога и оружје го привеле Д.С.(31) од Република Србија.
„Тој бил затекнат како користи кокаин и до него било пронајдено и одземено пакување со кокаин“, велат од МВР.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
