Македонија

(Видео) Хаос од гужви на „Табановце“: на пет ленти има километарски колони и нервозни патници

Долги колони и минимум двочасовно чекање. Ваква е сликата на граничниот премин „Табановце“ за влез од Србија во Македонија. Состојбата не е вака само денеска туку и изминатите денови. Возачите се револтирани поради долгите колони, кои ги има, иако работат пет шалтери за пасошка контрола.

Километарски се редиците. Патниците сметаат дека истите се резултат на ефикасноста при поминувањето. Велат дека ова се случува често.

„Ова не е ништо ново, но е нешто што не се трпи. Нека направат нешто, сепак два часа стоење во место не е малку време. Кој и да е на наше место истото ќе го каже“, вели возач кој е заглавен на „Табановце“.

Јавноста ги памети и видеата каде туристи на лето играа оро на граничниот премин, додека чекаа да минат граница.

На почеток