(Видео) На „Илинденска“ – магла, Скопје – загадено, мерки – нема
Скопје на врвот од листата на загадени градови, а Македонија во првите десет најзагадени држави во светот. Булеварот „Илинденска“ се гледа од магла и концентрацијата на ПМ10 честички, а слично е и на Партизанска. Додека граѓаните се жалат дека квалитетот на воздухот лошо влијае и на нивното здравје – мерки нема.
Веб-сервисот за рангирање покажува дека Македонија е на осмата позиција по загадени држави. Гледано по градови прв е Скопје односно Општина Шуто Оризари. Потоа, следуваат Кавадарци, Струмица, Кичево, Велес, Неготино и Битола. Меѓу најзагадени општини во Скопје се Ѓорче Петров и Чаир.
Апликацијата „Мој воздух“ покажува дека во Скопје речиси во секоја општина воздухот е загаден.
„Скопје1“ направи снимка од булеварот „Илинденска“.
Претходно, објавивме видео од кое се гледа дека разликата меѓу Скопје и Водно.