Скопје

(Видео) Саксии врз фонтаната од 2.5 милиони евра на плоштад, се чува со ограда за да не се гази врз неа

Скапата „сува фонтана“ на скопскиот плоштад се чува со ограда од посетителите, а внатре е маскирана со саксии и светилки. Откако во неа пропаднаа неколку камиони, таа не се користи, а градските власти во летото ставија високи саксии околу неа, за сеа, да стават саксии врз неа.

Зимскиот концепт е направен така што околу т.н. „сува фонтана“ има куќарки за продажба на пијалак и храна, па таа треба да биде незабележана од граѓаните. Во саксиите, засадени се борчиња, а врз нив има светилки. Фонтаната летово беше со искршени плочки и дупки, а откако возила пропаднаа во неа.

Фонтаната чини 2,5 милиони евра. Таа беше направена во време кога премиер беше Никола Груевски, а градоначалник Коце Трајановски и е дел од проектот „Скопје 2014“.

На почеток