Македонија

Пациентите со цистична фиброза почнуваат да го примат лекот Трикафта

Министерството за здравство информира дека пациентите со цистична фиброза почнуваат да го примаат лекот Трикафта.

„Покрај 12-те пациенти кои веќе се на терапија со Kaftrio во комбинација со Kalydeco, овие денови со терапија се вклучуваат и нови пациенти. Во петокот, на 29ти декември две нови пациентки примија Трикафта, денеска се вклучуваат уште двајца, а во петок се очекува лекот да го примат уште двајца пациенти.

Оваа група на пациенти етапно се вклучува на терапија, согласно Протоколот и прецизни критериуми на евалуација се одлучува за добивањето терапија. Листата на пациенти е направена од Стручна Комисија, по направени медицински прегледи на сите пациенти со цистична фиброза, според бодирање.

Лекот Трикафта е безбеден лек, одобрен од Европската медицинска агенција. Ефектот од терапијата е брз, значителен и одржлив“, велат од Министерството за здравство.

На почеток