Претседателот на Судски поднесе оставка, за да се спроведе одлуката на Управен за враќање на Дамева
Претседателот на Судски совет, Сашко Георгиев, поднесе оставка откако Управниот суд донесе пресуда дека неговата претходничка, Весна Дамева, била незаконски разрешена. Заменик-претседателот на Советот, Ханиф Зендели предложи да се гласа за разрешувањето на Георгиев, па да се постапи по одлуката на Управниот суд. Оставката му беше прифатена. Георгиев посочи дал многу од себе, а советот функционирал. Смета дека неговиот избор не е нелегитимен, а Управен само поништил избор на претходната претседателка.
„Доставив писмено барање за оставка. Тоа е повод за оваа седница. Во кратки црти, по разрешувањето на Дамева, на наредна седница за избор на претседател бев предложен од колегите и избран. Знаете сите дека бев во дилема дали да ја прифатам оваа функција, бидејќи тогаш, Судски совет беше во специфична ситуација со нарушени меѓучовечки односи. Тоа беше тежок период за советот. За овој период од мај до денеска, за краток период сите заедно успеавме да избереме 30 судии и академци, а потоа избравме и судии во Апелација, ја зголемивме и транспарентноста. Од лични и принципиелни причини ја донесов оваа одлука“, кажа Георгиев.
Тој пред колегите кажа дека немал притисоци, а ниту некој влијаел на него.
„Тоа го истакнувам најодговорно, истакнувам ии дека совесно и професионално го претставував Советот и работев за него“, додава Георгиев.
Втора точка на дневниот ред е дискусија и постапување по пресудата од Управен суд за враќање на Дамева.