Македонија

Дамева вратена на функцијата во Судски совет, додека фелата бара реизбор на сите членови

Весна Дамева е вратена на претседателска функција во Судскиот совет. Немаше расправа, само беше констатирано дека се спроведува одлуката на Управниот суд, кој утврди дека таа била незаконски разрешена.

„Останува на сила за избор на претседател на Весна Дамева. Што значи дека од сега натаму, претседател на Судски совет е Весна Дамева. Со оглед дека има одлука на Управен суд, Судски совет нема што да расправа“, кажа заменик-претседателот на Советот, Ханиф.

Претходно, претседателот Сашко Георгиев поднесе оставка.

Дамева беше разрешена во април минатата година. Прво јавно пред камери, а потоа и тајно зад затворени врати. Таа поднесе тужба до Управен суд, но и кривична пријава до скопското Обвинителство. Управен досуди дека нема соодветно образложение за таа да биде разрешена, ниту пак постапката е спроведена согласно закон.

Разрешувањето на Дамева дојде по писмото од американската амбасадорка Анџела Прајс Агелер која изрази загриженост поради нивни донесени одлуки. Па со изговори дека Дамева го криела писмото, Судски совет тргна во оход да ја разрешува. При гласањето, за разрешување на Дамева гласаа седум члена на Судскиот совет, по што Адеми констатира дека Дамева е разрешена.

Холандија пак, стави во мирување голем проект со Судски совет за зајакнување на ефикасноста и транспарентноста. Амбасадор на оваа земја во Скопје, Дирк Јан Коп, Судскиот совет го оцени како нелегитимно тело.

ПОВЕЌЕ НА ТЕМАТА

На почеток