Македонија

Претседателот на Синдикатот на котроли на летање бил повикан на разговор во полиција оти бил пријавен дека се заканувал

Полицијата демантира дека претседателот на Синдикатот на контролори на летање, Александар Тасевски, бил приведен. Според нив, постапувајќи по пријава дека се заканувал на директорите, бил повикан на разговор.

„Министерството за внатрешни работи постапува како и секогаш, согласно законските обврски. Секогаш кога ќе биде поднесена пријава од граѓанин за заканување или заплашување, МВР го поканува лицето против кое е поднесена пријава за да се изврши службен разговор. Тоа е направено и во конкретниот случај. По добиената пријава од Ф.Х. и Д.Х., раководни лица во МНАВ за испратени закани по меил од страна на А.Т., извршена е консултација со јавен обвинител, по што е направен записник за примање пријава“, велат од МВР.

Според нив, ,а 3 јануари 2024 со покана е повикан Александар Тасевски и со него е извршен службен разговор.

„Напоменуваме дека лицето не е лишено од слобода туку е извршен службен разговор со цел расчистување на случајот. По документирање на случајот, до ОЈО ќе биде доставен соодветен поднесок за нивно натамошно постапување“, додаваат од МВР.

Инаку, Александар Тасевски, синдикалецот на М-НАВ, е повикан на распит во полиција, затоа што наводно упатувал закани преку Фејсбук кон раководството на Контролата на летови.

На почеток