Македонија

Штрајкови и тотално затворање на воздушниот сообраќај не е исклучено да биде следниот чекор на Синдинатот на котролори на летање

Претседателот на Синдикатот на контролори на летање Александар Тасевски, кажа дека не се плаши од кривичните пријави против него од директорите на М-НАВ, а најави дека денеска ќе има депонирање на оставки. Според него, ова е за заштита на професионализмот и безбедноста на воздушниот сообраќај, кој не трпи компромис. Тврди дека не се заканувал на двајцата директори кои го пријавија во полиција. Штрајковите не се исклучени, но не само на контролорите на летање, туку на сите вработени во М-НАВ со тотално затворање на воздушниот сообраќај.

„Бев повикан во Секторот за насилен криминал при МВР каде ми беше презентирана пријава од страна на двајца од тројцата директори, Фахрудин Хамиди и Хасим Деари кои што поднеле кривична пријава против мене, врз база на мејл доставен до нив, поради загрозеност на нивниот живот и сигурност. Најодговорно тврдам дека содржината на тој мејл нема закани. Од друга страна, сметам дека тенденциозно се интерпретира погрешно, за да се искористат против мене, како претседател на Синдикат, за да се откажеме од нашите намери, како и против останатите кои тргнаа да застанат и да си ја одбранат професијата“, рече Тасевски.

Тој додаде дека од денеска ќе има депонирање на оставки од контролорите на летање, помошниците контролори на летање, лица на раководни функции, оставки од проекти. На вакви позиции се 20 до 30 луѓе, за кои се очекува да дадат оставки.

„Последните чекори од инженерите и техничарите, кај директорите предизвикаа страв. Тој не е по нивните животи, туку страв кој се однесува на нивните директорски фотелји. Тоа покажува дека сме на вистинската патека, бидејќи вродува со плод, и ни дава мотив да се движиме во таа насока. Нема да не заплаши тоа што се случи вчера. Се повеќе професионалци кои не се само контролори на летање, туку и другите служби го креваат твојот глас. Директорите се свесни и се во состојба на паника“, додаде тој.

Кажа дека претходно оставки дале техничарите, а во иднина истиот чекор се очекува и од останатите вработени. Причините се вработувањата, кои според Синдикатот се наместени за кадри кои не се соодветни за тие функции.

„Огласот е контроверзен по многу основи. Конкурсот за вработување ќе се спори со многу аргументи. Ќе се спорат претходни вработувања на директори во М-НАВ. Кандидатите немаат ниту рок на жалба“, посочува Тасевски.

На почеток