Македонија

Носат штетни закони со злоупотреба на европско знаме за лично богатење и криминал, алармира ВМРО-ДПМНЕ

„Во Македонија никогаш не се живеело полошо, а власта на СДС и ДУИ која наместо како што ветуваше европски стандард, донесе само злоупотреба на европско знаме за партиски и бизнис цели“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:

Нема штетен закон кој оваа власт не се обиде да го протне со европско знаме со крајна цел да се офајдат нивните функционери иако ниеден од тие закони нема врска со европското законодавство.

Со нив законите наместо во корист на граѓаните, насилнички и преку злоупотреба на процедурите се носат единствено во корист на функционерите на ДУИ и СДС и бизнисите блиски до нив.

Власта на СДС и ДУИ насила и со злоупотреба на европското знаме носеше Закон за судии и јавни обвинители за да може да постави како што потоа видовме свои кадри, а имаше и такви без диплома, се со цел да им ги амнестираат криминалите.

Власта на СДС и ДУИ го злоупотреби европското знаме за Законот за опојни дроги, за да може да се богатат нивните функционери кои влегоа во бизнисот со канабис.

Власта на СДС и ДУИ го го злоупотреби европското знаме на Законот за игри на среќа за да може да се богатат Артан Груби и ДУИ, преку еден куп други злоупотреби и сомнежи за криминал за кои партиското обвинителство не реагира.

Власта на СДС и ДУИ за да земе милионски провизии го злоупотреби европското знаме и за спорните закони за изградба на коридорите 8 и 10д, злоупотреба за која загриженост изрази и Европската Унија, а криминалната власт ни тоа не ја предомисли.

Ниту еден од овие закони нема врска со европските регулативи и законодавство, но има врска со бизнисите на ДУИ и СДС.

Злоупотребата на европското знаме беше нотирана дури и во Извештајот на Европската комисија.

СДС и ДУИ само декларативно велат дека се европски фронт, а во пракса злоупотребуваат се што е европско.

Откако се дојдени на власт немаат спроведено ниту една реформа за да ја приближат Македонија кон ЕУ, напротив само ги влошија состојбите и направија во земјава да царуваат криминалот и корупцијата.

Нема Европа со власт која злоупотребува европско знаме за лично богатење, криминал и корупција.

Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме.

На почеток