🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Исмет Гури од ДУИ e во бегство, полицијата не го нашла на адресата каде издржува домашен притвор

објавено пред 1 година -

Македонија
DSC_5952

Од домашен притвор избега осомничениот Исмет Гури, кој беше функционер на ДУИ, дознава „Скопје1“ од полициски извори. Според неофицијалните информации до кои дојдовме, полициски службеници од полициската станица „Бит Пазар“ при контрола, не го нашле Гури на адресата каде издржува домашен притвор. За ова, треба да го известат судот односно судијата на претходна постапка. Постапката налага да се распише и потерница.

— реклама —

„Скопје1“ побара информации од МВР за тоа кога била направена контролата, како и дали е распишана потерница. Оттаму очекуваме одговори.

Гури беше во ефективен притвор по отворање на истрагата. Бараше поблага мерка, за која судот се согласи, бидејќи сметаше дека тој не може да избега доколку биде во домашен притвор.

— реклама —

Додека беше во ефективен притвор, Гури најголем дел од времето го поминуваше во болница. Затворската полиција го шеташе од клиника на клиника по налог на Кривичен суд. Гледано во денови, тој подолго време е на лекување отколку што бил во притворското одделение на затворот.

„Скопје1“ објави дека додека беше во болница, кај него беше најден и телефон. Гури остварувал контакти со луѓе од надворешноста, додека предметот во кој тој е обвинет е во најсензитивна фаза на истрага.

Функционерот на ДУИ, Исмет Гури, е вплетен во организирана шема за правење даночна измама, објави Обвинителството. Тој е третоосомничен за сторено злосторничко здружување, перење пари, даночна измама, од вкупно 15 лица, кои биле под истрага. Ќе одговараат за злосторничко здружување, како и перење пари. Според Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Гури и другите обвинети, меѓу кои е неговиот син, парите ги добивале преку генерирање фиктивни побарувања кон Управата за јавни приходи, каде што бил вработен функционерот на ДУИ. Во тоа време Гури е раководно лице во УЈП. Освен основачи на фирми, има и вработени во УЈП и Министерството за финансии. Целата шема била фиктивно да враќаат ДДВ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2024-01-06-at-10.41.37

Гури од ДУИ побрз со бегството од судот со одлуката – полицијата тргнала да го врати зад решетки

Македонија | пред 1 година

guri-andov

Ексфункционерот од ДУИ, Гури, наместо во ќелија - се шета по клиники: постојано е болен откако му одредија притвор

Македонија | пред 1 година

ismet-guri

Гури од ДУИ со телефон во болничка соба, наместо во притвор во ќелија поради опасност од влијание врз сведоци

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-01-05-at-22.48.32

Распишана потерница по Исмет Гури од ДУИ, кој избега од домашен притвор

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања