(Видео) Воздухот во Скопје е штетен за дишење, градот е петти најзагаден во светски рамки
Од петто до десетто место се наоѓа Скопје на ранг-листата на најзагадени градови која ја прави сервисот „Ај-кју-еир“. Најголема е концетрацијата со ПМ 2.5 честички, но и со ПМ10 честички. Според сервисот, воздухот во Скопје е штетен за дишење.
Пред Македонија, предничат само Делхи, Калкута и Мумбаи во Индија, Лахор во Пакистан, Шангаи во Кина, Катманду во Непал. Градови со најчист воздух има во Арк Кејп во Америка и Ротедардам во Холандија.
Загадениот воздух во Македонија е проблем кој го има секоја година. Постојано се носат краткотрајни и долготрајни мерки – но проблемот останува. Засега, во Град Скопје нема рестрикции и мерки за да се намали загадувањето.