МВР за повредениот медицинар со нож во болницата „8 септември“
Од
Објавено на
Вчера (07.01.2024) во 19.47 часот од ГОБ „8 Септември“ е пријавено е дека Д.Т.(36) од Скопје, вработен во болницата, се здобил со повреда откако со нож му била нанесена расеченица од М.Н.(77) од Скопје, пациент во болницата.
„Според пријавеното, напаѓачот претходно во ходникот агресивно се однесувал и кон вработена во болницата. Полициски службеници излегле на местото на настанот, а во координација со Јавен обвинител по целосно документирање на случајот против М.Н. ќе биде поднесен поднесок по чл.304-г од Законот за здравствена заштита“, велат од МВР.