Македонија

Снег и во Скопје, забрана за тешки возила на Стража

Снег паѓа и во Скопје, за првпат во Новата година. Метеоролозите најавија мала снежна покривка во градовите, а поголема на повисоките предели. Во Скопје, се води по влажни коловози. На патните правци, веќе се интервенира со возила за чистење.

„Од утре ни следува сув студ, а температурите наутро понекаде ќе се спуштат и до -10 степени. Преку ден останува многу студено со температури кој на повеќе места ќе се задржат околу или малку над нулата. Понекаде тие ќе останат и под нулата. Во Скопје исто така очекуваме провејување на снег, особено во повисоките предели од котлината и на околните планини. Сето ова ќе биде проследено и со северен ветер кој повремено ќе биде засилен на интензитет“, најавува Славчо Поповски.

Од вечерва има и забрани за возила.

„ЈП за Одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта известува дека поради обилни врнежи од снег од 22ч и10мин. се воведува забрана за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Стража- Кичево“, извести Центарот за управување со кризи.

На почеток