Скопје

Инфекции меѓу децата, хоспитализации во „Козле“: голема кашлица, корона, проблеми со дишење

Фото: Илустрација

Деца со голема кашлица и коронавирус се хоспитализирани на Детската клиника „Козле“. Секојдневно, стотина деца бараат здравствена заштита во амбулантскиот дел, додека над педесет се хоспитализирани на лекување.

Од сите деца, три случаи се со голема кашлица. Според раководството на „Козле“, педијатрите дијагностицираат инфекции на долните дишни патишта, а најмногу кај доенчиња до едногодишни деца.

Во болницата, хоспитализирано е и дете со коронавирус.

На почеток