Македонија

Разрешување на двајца директори од М-НАВ и назначувње на Илир Мехмеди за прв човек

Надзорниот одбор да ги разреши извршниот директор Фахрудин Хамиди и секторскиот извршен директор Љубе Стаменковски од М-НАВ, а на нивно место да ги назначи Илир Мехмеди и Милан Кораќ, дознава „Скопје1“. Ова е заклучокот од денешната седница на Владата, на која се распраправаше за состојбите во македонска авијација.

Заклучкот ќе биде испратен до надзорниот одбор на М-НАВ кој ќе треба да го спроведе.

Ваквата препорака на Владата доаѓа откако имаше упад во М-НАВ, а кој следуваше откако Синдикатот на контролорите на летање укажуваа на наместени огласи за вработување на несоодветни кадри.

На почеток