Македонија

Температури и до -15 степени, најстуденото време го имаме викендов

„Овој викенд на Балканот, но и во Македонија ќе биде најстуден досега оваа зима. Ширум Балканот температурите ќе се спуштат и до околу -15 степени во утринските часови. Во Македонија исто така тие ќе се спуштат и под -10 степени“, најавува метео-прогнозерот Славчо Поповски.

„Студено ќе биде и преку ден, па така максималните дневни температури на многу места ќе се искачат само за неколку степени над нулата, а тие понекаде ќе останат и негативни.

Сепак времето ќе биде стабилно и суво без врнежи. Со оглед на очекуваните температури, наутро очекуваме појава на силен мраз“.

На почеток