Скопје

Го прегазил и избегал – сообраќајка во Ново Лисиче

На 13.01.2024 во 20.30 часот во Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул. „1 “ и ул .„7“ во Долно Лисиче се случила сообраќајна несреќа во која возило удрило во велосипед управуван од С.Ј.(61) од Скопје, по што возилото го напуштило местото на настанот.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.Ј., констатирани во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје“, велат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На почеток