Македонија

Од осум фирми присилно се наплаќал данокот на солидарност, а оствариле приходи над 10 милиони евра

И покрај негодувањата, најголемите компании во Македонија го платија данокот на солидарност. Во буџетот се влеаа 3.029.424.379 денари, а присилна наплата има само за осум компании. Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, посочува дека најголем дел од даночните обврзници си ја исполниле обврската.

Платиле 149 компании во соодветен рок, а присилна наплата има кај осум даночни обврзници. Присилната наплата е започната и завршена е кај седум. Кај една компанија платила такса и давачките за присилна наплата, а почнала да го плаќа и главниот долг“, кажа Лукаревска на брифингот со новинари

Обврзани да платат солидарен данок имаат 156 компании.

Данокот на солидарност, кој е замислен како еднократен данок се однесува само на најголемите компании. Овој данок ќе го плаќаат сите фирми што лани оствариле приход од над 10 милиони евра.

На почеток