Македонија

Два дена температури до 18 степени, па студен викенд со снег на повеќе места

Во следните денови во Македонија ќе имаме многу променливо време, најавува метео-прогнозерот Славчо Попоски.

“Особено во западните предели ќе има и појава на повремен локален дожд, во четврток и во петок ќе дува засилен ветер од јужен и од југозападен правец (локално и повремено со брзина од над 60 км/час). Токму ова ќе услови позначително затоплување на времето и натпросечно високи температури на воздухот.

Во четврток и во петок температурите на повеќе места ќе се искачат над 10 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе достигнат дури и до пролетни 18 степени.

И во Скопје и околината ќе имаме слично време, односно позначително, но краткотрајно затоплување на времето во четврток и во петок кога ќе дува засилен јужен ветер. Тогаш температурата ќе се искачи до околу 12 степени.

Под влијание на нов влажен и студен воздушен бран од север, за време на викендот ќе имаме нови врнежи, кој поради наглото заладување на многу места ќе преминуваат во врнежи од снег, со што се очекува формирање на снежна покривка на повеќе места низ Македонија“, вели тој.

На почеток