Македонија

Вистинска зима: студен и снежен бран ќе ја зафати целата територија на Македонија

АМСМ со важно известување за состојбата на патиштата – во прекин уште еден патен правец

„По краткотрајното и поголемо затоплување на времето, за време на викендот кој доаѓа, студен и снежен бран ќе ја зафати целата територија на Македонија“, најавува метео-прогнозерот Славчо Поповски.

„Ќе има пообилни врнежи од снег, особено во западните предели од државава.

На планините ќе се формира снежна покривка од над 30 сантиметри, во градовите се очекува формирање на снежна покривка од 5 до над 20 сантиметри.

Сето ова ќе биде проследено и со засилен северен ветер.

Во Скопје исто така ќе има врнежи од снег, а ќе се формира и снежна покривка со висина до околу 10-15 сантиметри.

Најголем дел од Балканот овој викенд ќе биде зафатен од снежен бран и од вистинско зимно време, па затоа возачите да бидат крајно внимателни. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица“, додава тој.

На почеток