(Видео) Се фрла сол, се чисти снегот низ автопатите – снежната покривка ќе достигне и до 40 сантиметри


Директорот на „Македонијапат“, Костадин Ацевски, апелира возилата да носат зимска опрема, а за претпријатието посочува дека ги чисти сите магистрални и регионални правци. Снегот ќе паѓа во текот на целиот викенд.
„Снегот почна, екипите на Македонијапат се на терен и активно интервенираат на сите магистрални и регионални патни правци. Апелираме за внимателно возење и користење на зимска опрема“, вели Ацевски.
Метео-прогрозерот, Славчо Попоски, најави формирање на снежна покривка до 40 сантиметри.
„Насекаде ќе се формира снежна покривка, на планините и на Скијачките центри се очекува формирање на снежна покривка од над 30-40 цм, во градовите во западните предели таа ќе биде со висина локално и до 20 цм, понекаде и до 30 цм, во скопскиот регион, како и во централните, југоисточните и источните предели та ќе биде најмала и ќе изнесува некаде од 3 до 10 цм, понекаде може малку повеќе“, додава Попоски.
